Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Рок за аплицирање до 16.03.2018 година

makedonskitelekom.jpeg

 

Потребни се практиканти за ангажирање во Службата за инфраструктура и технички инвентар, во Секторот за пристапни мрежи, Област за техника.

Практикантите ќе бидат ангажирани за следниве работни задачи:

1.  Внес на адреси на домаќинства опфатени со различни технологии во Системот за инвентар

2.  Дигитализација на техничка документација, како и уредување на документацијата

3.  Дигитализација на податоци за Системите за инвентар (Netcracker, GIS системот и слични)

4.  Дигитализација на документација од процесот на Легализација на инфрастуктурата на МКТ

5.  Дигитализација на Договори, Согласности, дописи и слично.

Соодветните апликанти треба да поседуваат основно познавање на работа со компјутери, основно познавање на MS Office пакетот и не е потребно да поседуваат одредени специјални квалификации.

Соодветните апликанти може да бидат од било кој технички факултет кој првенствено е наменет на комуникациските технологии (ФЕИТ, ФИНКИ, ПМФ и слично), но не е ограничен само на нив.

Мотивациското писмо и CV-то ги очекуваме најдоцна до недела, 16.03.2018, до крајот на денот на следната e-mail адреса: sonja.kargova@telekom.mk со  назнака  -  за Техника.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ