Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Рок на аплицирање: до 6 април 2016

telekomlogo.jpg

За потребите на Сектор за активности за технички услуги за корисници во Областа на Главниот директор за техника и ИТ има потреба од ангажирање на пет (5) практиканти.

Студентите да бидат од  последна година на студии од причини што се работи за пракса која ќе биде со полно работно време од 08:00 до 16:00 и истата ќе трае максимум до една (1) година.

За  обавување на праксата ќе добијат соодветен паричен надоместок и нивниот ангажман ќе биде регулиран со Договор за пракса.

Активности кои ќе ги извршуваат:

  • Средување на network inventory податоци;
  • Управување со налози во интерни апликации, помош при управување со налози и со податоци од постоечки апликации;
  • Тестирање на функционалности во нова апликација WFM;
  • Тестирање на фунционалноста во новата NG OSS апликација од Net Cracker – модулите Work Force Management, Service Provisioning i Service Inventory;
  • Следење на налози и барања за обезбедување на технички услуги, нивна анализа и генерирање на репорти за изведени активности.

Студентите треба да имаат желба за работа во тим, позитивен став, комуникациски способности, проактивност, познавање на англиски јазик, солидни компјутерски вештини, само-мотивираност, само-дисциплина.

Студентите своите биографии може да ги доставуваат заклучно со 06.04.2016 година, на следнава e-mail адреса: sonja.kargova@telekom.mk со назнака Пракса во делот на Техника.