Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во ESSENCE CODE

Пракса во ESSENCE CODE

Koмпанијата за ИТ услуги  ESSENCE CODE Скопје ги поканува заинтересираните студенти од ФЕИТ што имаат познавање на Јava, Јava Scripts, .Net,  C++ и PHP  да учествуваат во програмата за практична работа во времетраење од 1 до 3 месеци, од 20.10.2016 година.

Кандидатите за пракса пред се’, треба да имаат желба да учат нови работи и да имаат оддредени почетни знаења.  Како резултат на тоа, се очекува да добијат практични искуства за  развој на софтвер, да научат нови техники и технологии, да ги продлабочат и проверат своите знаења. Истовремено да искусат тимска работа  и да се запознаат со корпоративно однесување и делување.

На најдобрите практиканти ќе им биде понудена и можност на вработување по завршување на праксата.

Заинтересираните студенти може да испратат e-mail со назнака “пракса” и CV на англиски јазик на hr@essencecode.com

Повелете, Ве очекуваме !