Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Артисофт

Пракса во Артисофт

Објавено 08.03.2016

artisoft_logo.png

 

Артисофт една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот, објавува конкурс за практиканти. Кандидатите треба да се мотивирани апсолвенти кои сакаат предизвици и имаат аспирации да работат на големи и интересни проекти.

Во текот на праксата (со можност за дополнително продолжување), студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии (Cloud  и мобилни технологии), на конкретни проекти кои се работат во компанијата.

 

Потребни се практиканти за позиција software developer кои ги исполнуваат следниве предиспозиции:

  • Да се во завршната фаза на студирање
  • Познавање на PHP или Coldfusion
  • Познавање на HTML, CSS, JavaScript и jQuery
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
  • Способност за работа во тим
  • Познавање на проблематика од портфолиото на Артисофт ќе се смета за предност
  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во работа со бази на податоци

 

Артисофт нуди:

  • Стекнување на искуство, знаење и креативност
  • Можност за вработување
  • Пријатна работна атмосфера

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Артисофт, Ве молиме испратете CV со назнака “пракса” на info@artisoft.mk.