Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Повик за бесплатна обука за програмери

Повик за бесплатна обука за програмери

Рок на аплицирање: до 01.12.2016

tabtale.jpg TabTale

 

TabTale Македонија, еден од водечките издавачи на мобилни игри со над 1 билион преземања на глобално ниво, ќе организира бесплатна обука за програмери на мобилни апликации.

Бараме кандидати кои имаат диплома по компјутерски науки или се при крај со нивните универзитетски студии. Ќе се смета за предност доколку кандидатот има докажано искуство во развој на софтвер, поточно, развој на софтвер од клиентската страна и UI/GUI. Секој кандидат мора да знае англиски јазик и најголема предност ќе се смета доколку кандидатот има креативна позадина (еден од следниве: графика, музика, литература, уметност).

Во текот на три-неделната обука во Декември, избраните кандидати ќе научат како да се креираат апликации во XML. Покрај теоретскиот дел, тие ќе имаат можност да видат вистински примери на практично кодирање и на крајот ќе добијат задача да креираат игра каде што ќе покажат што научиле од обуката.

Пријавените кандидати ќе бидат тестирани (основно програмирање, англиски јазик, логика) и најуспешните кандидати ќе бидат избрани да учествуваат во обуката.

На крајот на програмата, учесниците ќе имаат шанса за вработување и понатамошно развивање на својата кариера како дел од TabTale Македонија.

Три-неделната обука започнува на 12.12.2016, а ќе се одржи од 09:00 до 17:00 во канцелариите на TabTale Македонија. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на jobsmk@tabtale.com најдоцна до 01.12.2016.

Повеќе информации на aleksandarr@tabtale.com