Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Оглас за практична настава во ПроКредит Банка во Скопје

Оглас за практична настава во ПроКредит Банка во Скопје

Рок на аплицирање: до 12 април 2016

ProCreditBank.jpg

ПроКредит Банка Македонија е дел од ПроКредит групата која брои 21 финансискa институциja со фокус на одговорна банкарска услуга во земјите во развој и транзиција. ПроКредит Банка е “Матична банка” за многу малите, малите и средни бизниси за кои нуди едноставни, разбирливи и лесно достапни услуги. Веруваме дека развојот на овие претпријатија придонесува за развој на целокупната економија во земјата и отворање на нови работни места. Воедно градиме и развиваме култура на штедење и нудиме транспарентни услуги за сите граѓани во соседството во кое постоиме и работиме.

ПроКредит Банка бара:

Практикант за Информатичка технологија за подршка на апликации и развој во Секторот за информатички технологии во Скопје

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Tрета или четврта година на студии во областа на информатичка технологија и компјутерското инжинерство
  • Познавања на една од следниве Microsoft технологии:
      1. Microsoft Visual Studio .NET ; C# ;
      2. MS SQL Server/Reporting Services;
      3. Microsoft SharePoint
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски способности
  • Способност за тимска работа
  • Способност за решавање проблеми


Организација на практичната настава:

  • Практичната настава ќе се одвива во Централната Управа на ПроКредит Банка во Скопје - Секторот за Информатички Технологии
  • Динамичен процес на учење преку конкретни работни задачи со целосна поддршка од ментор
  • Работа на реални проекти преку развој и поддршка на апликации
  • Праксата ќе биде со времетраење од 2 до 3 месеци по 8 часа на ден
  • Финансиски надоместок за учесниците

 

Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса job@procreditbank.com.mk не подоцна од 12.04.2016 година со назнака Практикант во Сектор за информатичка технологија

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.