Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Обновено на 27.05.2014

telekomlogo.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии и Македонски Телеком АД - Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство преку програмите за стажирање (internship) и пракса (training) и да ги докажат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ФЕИТ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување на студентите.

Факултетот за електротехника и информациски технологии нуди можност на студентите да се вклучат во имплементација на значајни проекти што ги реализира Македонски Телеком АД - Скопје. Вклучувањето на студенти во Македонски Телеком АД - Скопје ќе се одвива преку две програми:

  1. Програма за стажирање (Internship) во времетраење до три месеци, како прифатен и акредитиран дел од студиските програми кои се придржуваат до Болоњската Декларација. Во рамките на оваа програма ќе може да се изработуваат и дипломски работи.
  2. Програма за пракса (Training):
    • во која ќе бидат вклучени тукушто дипломирани студенти без работно искуство, во времетраење од шест месеци;
    • во која ќе бидат вклучени дипломирани студенти кои се во фаза на подготовка на магистерскиот труд, во времетрање од три месеци.

Прилози: 1. Апликација за студенти практиканти

Пополнетата апликација да се испрати на acerist@feit.ukim.edu.mk.

Првиот круг на селекција ќе биде направен од страна на ФЕИТ. Конечниот избор на кандидатите ќе биде направен од страна на МТ. Избраните кандидати ќе потпишат Договор со ФЕИТ и МТ за условите за изведување на соодветната програма (стажирање или пракса). На секој од нив ќе му биде назначен по еден ментор од ФЕИТ и еден ментор од МТ.

За стажантите е предвиден надомест за храна и превоз и соодветно осигурување. За практикантите, покрај ова, предвиден е и дополнителен надомест за извршената работа.