Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Конкурс за практикантска работа во ОКТА

Конкурс за практикантска работа во ОКТА

Рок на аплицирање: до 23 март 2016

okta_logo.png

СООПШТЕНИЕ

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје

 

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да биде од некој од следниве смерови: Автоматика и системско инженерство, Компјутерски технологии и инженерство или Електроника.
  3. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
  4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини - Microsoft Office пакет.

 

Број на потребни практиканти: 2

 

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во ОКТА, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 01.04.2016год.

 

Обврска на практикантот:

  • да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
  • континуирано да води дневник за текот на праксата.
  • задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

 

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

 

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт nkiteva@feit.ukim.edu.mk.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 23.03.2016 год.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ