Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Конкурс за практикантска работа во ОКТА

Конкурс за практикантска работа во ОКТА

Рок на аплицирање: до 23 април 2015

okta_logo.png

СООПШТЕНИЕ

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје

 

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии
  2. Студентот да биде од некој од следниов смер: Проектен менаџмент или Применета Математика и Актуарство
  3. Студентот да има одлично познавање на Англиски јазик
  4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини- Microsoft Office пакет.

Број на потребни практиканти: 1

 

Времетраење на пракса:

Практикантите ќе бидат континуирано присутни на пракса во ОКТА, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 04.05.2015 год.

 

Обврска на практикантот:

  • да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
  • континуирано да води дневник за текот на праксата.
  • задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

 

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

 

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт nkiteva@feit.ukim.edu.mk.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 23.04.2015 год.