Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ објавува отворен конкурс за практиканти

Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ објавува отворен конкурс за практиканти

Обновено 12.08.2014

 

Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ објавува отворен конкурс за практиканти, и ги поканува студентите од втора, трета и четврта година година од Факултетот за електротехника и информациски технологии, да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.

ИНТЕР ДАНГОВ е компанија која се занимава со web development and management на повеќе интернет страници, како dangov.com која претствува веб страна за анимациско студио, чии што проекти се добиени преку посредништво со соработници од повеќе држави во светот.

Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:

  • Практично знаење за тоа како функционира една online компанија која што целосно функционира на интернет
  • Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
  • Препораки за вработување доколку соработката се покаже како успешна

ИНТЕР ДАНГОВ се наоѓа во ДТЦ Мавровка. Практичната настава ќе се одвива од 09:30 до 15:30 но ќе има флексибилност во поглед на времето, со тоа што ќе има секогаш разбирање кога студентот ќе има обврски од факултетот. Праксата трае два месеца.

Сите заинтересирани кандидати нека пратат CV (година на студии) на praksa@dangov.com. На истата email адреса можете да поставувате прашања во врска со секој аспект од практичната настава.