Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Програма за млади банкари на ПроКредит Банка

Програма за млади банкари на ПроКредит Банка

Рок на аплицирање: до 15 ноември 2015

Аплицирајте за програмата за млади банкари на ПроКредит банка

mladi_bankari.png

Една од стратешките определби на ПроКредит Банка е развојот на младите професионалци во одговорното банкарство. Како одговорна банка која обезбедува најдобри услуги за клиентите, ние постојано сме заинтересирани да ги имаме вистинските луѓе кои се поистоветуваат со нашата мисија и етичкиот начин на водење бизнис. Затоа, пoстојано вложуваме во нивно усовршување, со цел да ги поддржиме во нивниот професионален разој.

Искористете ја можноста да бидете дел од Програмата за млади банкари која има можност да биде ќе биде организирана во Р.Македонија но и како Меѓународна програма за млади банкари во Србија, Косово и Бугарија и истата ќе започне кон крајот на месец Ноември 2015.

Ако се препознавате во целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, бидете дел од

ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ БАНКАРИ

 

Програмата претставува вистински предизвик за оние кои сакаат професионален развој во ПроКредит Банка и сакаат да се развиваат во професионалци и одговорни банкари.

Аплицирајте за шест месечна програма:

  • Доколку имате универзитетска диплома (со или без работно искутво) или сте апсолвент на факултетите по економски, правни, земјоделски, технички, филозофски или социјални науки
  • Доколку имате желба да го надградите и продлабочите своето знаење
  • Доколку сакате да работите со луѓе, комуникативни сте и ви одговара работа во тим. Имате развиени аналитички и математички способности и флексибилни сте за работа надвор од вашето место на живеење!
  • Работното искуство ќе се смета за предност.
  • Познавање на англиски јазик

 

Можете да аплицирате за Програмата за Млади Банкари пополнувајќи ја нашата електронска пријава или прочитајте повеќе за програмата на следниов линк
(Можете да аплицирајте до 15.11.2015)

Пополнете ја електронската пријава и наведете ги Вашите амбиции за пријавување во мотивациското писмо, и при тоа препорачуваме да ја погледнете содржината на нашата меѓународна веб страна (http://www.procredit-holding.com/) и веб страната на нашата банка (http://www.procreditbank.com.mk/)

  • Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети на тестирање.
  • Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговорате за оваа програма.
СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ