Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во компанијата ТехноЛогика

Оглас за вработување во компанијата ТехноЛогика

Рок на аплицирање: до 20 јуни 2015

technologica.png

ТехноЛогика е водечка регионална софтверска компанија, која од 1990 година развива комплексна дејност во областа на информационите технологии: имплементација на информациони системи, развој на софтвер, консултантски услуги и специјализирани обуки. Еден од клучните сопствени производи на ТехноЛогика е HeRMeS® – специјализиран софтвер за управување со човечки ресурси со 15-годишна успешна историја. HeRMeS® е интегриран, флексибилен систем, кој го автоматизира управувањето на сите дејности за планирање, вработување, организација, оценување, развој, плаќање и комуникации на човечките ресурси.

Во врска со проширување на дејноста на нашиот тим во Скопје, бараме консултант за имплементација на споменатиот софтвер во регионот на работно место:

 

КОНСУЛТАНТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ HeRMeS® V

 

Основни одговорности

  • Имплементира модули за администрирање и пресметка на плати на персонал во системот HeRMeS® V
  • Анализира функционални барања и предлага решенија за специфични потреби на клиентите
  • Поддржува имплементирани системи кај клиентите
  • Изработува упатства за работа на корисници
  • Спроведува обуки на корисници за работа со системот
  • Тестира нови функционалности и верзии на софтверот
  • Учествува во презентации на системот пред потенцијални клиенти

Услови

  • Многу добро познавање на локалното законодавство за администрирање на човечки ресурси и пресметка на плати
  • Искуство во имплементација на софтвер (предност во областа на УЧР)
  • Познавање на основните принципи за опис на бизнис барања, процеси и процедури
  • Много добро познавање на работа со компјутери – работа со MS Office
  • Много добро познавање на англиски јазик – писмен и устен
  • Аналитичко мислење, прецизност, одлични комуникативни вештини, високо ниво на лична организираност
  • Можност за патување во земјата и странство

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Високо образование во областа на управување со човечки ресурси, информациони технологии, компјутерски науки
  • Познавање и искуство во работа со специјализиран софтвер за УЧР
  • Возачка дозвола
  • Познавања за управување со проекти
  • Познавање на регионалните јазици – српски/хрватски

Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од голема регионална софтверска компанија со утврден имиџ на надежен и компетентен добавувач на клиентски софтвер
  • Запознавање и работа со практиките за управување со човечки ресурси на водечките компании
  • Учество во меѓународни проекти
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата.
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.

 

Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве молиме да испратите мотивациско писмо и професионална автобиографија/CV со слика на e-mail: jobs_skopje@technologica.com, не подоцна од 20.06.2015 г.

Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција. Само најдобрите кандидати ќе бидат поканети на интервју.

За повеќе информации: http://www.technologica.com.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ