Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во компанијата Гордиан Системи

Оглас за вработување во компанијата Гордиан Системи

Објавено 29.12.2015

Gordian.jpg

Опис на компанијата

Гордиан Системи е иновативна компанија која дава ИТ услуги во аутсорс на техничка поддршка за брзо растечки компании во САД скоро три години.

Опис на работното место Job Description

Гордиан Системи има повеќе слободни места за Агенти во Грижа за корисници. Во оваа улога вие би го искористиле вашето знаење од хардвер, софтвер, оперативни системи, десктоп апликации како и високо рафинирани вештини за услуга и комуникација да ги поддржите крајните корисници. Доколку уживате да бидете во околина која ве поддржува и бргу ве учи и изградува и да придонесете во нашата интерактивна атмосфера, тогаш ја очекуваме вашата апликација.

Основни задачи и задолженија:

  • Поддршка по телефон и емаил за клиентите кои бараат помош со десктоп/ лаптоп проблеми, проблеми со LAN, WLAN, 3G и 4G поврзување користејќи го нашиот систем за следење на тикети.
  • Способност да дава инструкции за конфигурација, преместување и надградби на PC хардвер и уреди за печатење во Виндовс и Линукс околини.
  • Поддршка на ново вработените во користење на системите и безбедноста.
  • Да користи и придонесува во детална документација, и следење на случаи.
  • Општа ИТ поддршка и помагање на Систем Администраторитe и Мрежните инженери со обезбедување на корисни информации.
  • Ресетирање на кориснички имиња и лозинки за различни апликации.
  • Познавање на преносни уреди и нивно користење.
  • Поддршка на периферни уреди како печатачи, РФИД читачи, ГПС итн.
  • Други задолженија за поддршка инструирани од ИТ менаџментот.

Квалификации

  • Одлично знаење на Виндовс платформа и PC хардвер.
  • Генерално знаење на Линукс.
  • Добри познавања на LAN/WAN решавање на проблеми.
  • Спoсобности за користење и надополнување на интерна документација
  • Одлични способности за комуникација (пишана и вербална) и однос со клиенти.
  • Способност за самостојна работа, но и во тим.
  • Желба за решавање на проблеми.
  • Одлично познавање на Англиски Јазик.

Гордиан Системи е компанија со еднакви можности и недискриминација.

Сите резимеа и мотивациски писма испратете ги на: info@gordian.mk

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ