Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Oглас за вработување во ИЦС Консалтинг Инженеринг - инженер за телекомуникациски технологии

Oглас за вработување во ИЦС Консалтинг Инженеринг - инженер за телекомуникациски технологии

Објавено 21.06.2017

icslogo.png

 

ИЦС Консалтинг Инженеринг е приватна компанија а која работи на полето на телекомуникациите и информационите системи притоа обезбедувајќи им на корисниците на професионален начин висококвалитетни производи, решенија и услуги. Компанијата е авторизиран партнер и  дистрибутер на Nokia, Airbus DS и Emerson (Vertiv).

 

За потребите на своето работење ИЦС Консалтинг Инженеринг има потреба од:

 

Инженер за телекомуникациски технологии

 

Квалификации

  • Дипломиран инженер по телекомуникации (со или без искуство)
  • Напредно познавање на МС Офис
  • Познавање на англискиот јазик
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Добри комуникациски способности

 

Одговорности

  • Инсталација, интеграција и пуштање во работа на телекомуникациска и придружна опрема
  • Техничка поддршка на корисниците за опремата во гарантен рок и под договор
  • Теренско одржување на опрема под договор
  • Водење на проекти
  • Подготовка на технички решенија

 

Доколку сте заинтересирани за вработување во ИЦС Консалтинг Инженеринг, испратете куса биографија и мотивациско писмо на info@ics.net.mk .