Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во ЕВН Македонија - Систем администратор

Оглас за вработување во ЕВН Македонија - Систем администратор

Објавено 16.03.2016

evnlogo.png

 

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

 

КАРИЕРА ВО ЕВН

За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн е:

Систем администратор


Опис на работните задачи

Како Систем администратор ќе имате клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со инсталација, прилагодување и одржување на оперативниот систем и системскиот софтвер; ќе ги евалуиате и интегрирате новите верзии на оперативните системи, драјвери и хардвер; техничка експертиза за миграции и консолидација на системски транзиции.

 

Потребни компетенции:

  • Искуство со Active directory domain services, групни полиси, поддршка на фајл и принт сервиси, RADIUS, DNS и DHCP, Domain controller replication и управување со организациски единици,
  • Администрирање и одржување на сигурносни системи вклучувајќи NAP (Windows server 2008 R2),
  • Познавања од MS power shell и VBScript,
  • Солидно искуство на систем мониторинг, предупредување и аналитика,
  • Солидно искуство на System Center Configuration Manager 2012R, PC Image capturing and deployment, развој на софтверски пакети преку SCCM 2012R2, месечнo управување на PC patch so Windows critical and security updates,
  • Мониторинг и подесување на системот за постигнување на оптимални нивоа на перформанса,
  • Искуство со Windows desktop техничка поддршка, со познавање на file and folder безбедност, local/domain безбедност и справување проблеми на оперативните системи,
  • Искуство со виртуелни средини – Hyper-V, креирање и одржување на Hyper-V кластер, P2V server conversion,
  • Искуство со Remote Desktop Services, patch management of terminal services
  • Искуство со McAfee antivirus
  • Основно разбирање на IP и транспортни технологии,
  • Основно разбирање на SQL и Oracle DBs
  • Основно разбирање на OS (Unix, Linux)

 

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Високо образование: дипломиран електро инженер или слични звања,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Работно искуство ќе се земе како предност
  • Високо развиени комуникациски способности,
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!