Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во ЕВН Македонија - Специјалист за телекомуникациски технологии

Оглас за вработување во ЕВН Македонија - Специјалист за телекомуникациски технологии

Објавено 26.04.2016

evnlogo.png

 

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

 

КАРИЕРА ВО ЕВН

За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн е:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ


Опис на работните задачи

Како Специјалист за телекомуникациски технологии ќе имате улога во инсталација, пуштање во работа, детекција на грешки и одржување прво ниво на целокупната мрежна опрема (рутери, свичеви и останати мрежни уреди) во компанијата, како и мониторирање на целокупната мрежна опрема преку централен систем за управување.

 

Потребни компетенции:

  • Напредно познавање на LAN\WAN технологии,
  • Познавање на Cisco Enterprise продукти за дата центар: Nexus 7000, 6500, 5600, 5500 серии и MDS свичеви,
  • Познавање на Cisco продукти за core мрежа: Cisco ASR, Cisco 3900, Cisco 3400, Cisco 3750 серии,
  • Познавање на Cisco продукти за access мрежа: Cisco 2800, Cisco 2900 ISR, 2960 и 2950 серии,
  • Познавање на security продукти: Cisco ASA firewall, Cisco ASA Next generation firewall, Checkpoint firewall, Cisco Iron Port Web Security Appliance (WSA), Cisco Iron Port E-mail Security Appliance (ESA),
  • Познавање на IOS, NX-OS, EIGRP, BGP, GRE, OSPF, MPLS, HSRP,
  • Познавање на VRF, VLAN, VSAN, VPN, RSTP технологии,
  • Искуство во планирање и долготраен развој на мрежни и ТК системи,
  • Планирање на капацитети на мрежи и ТК системи,
  • Следење на новите ИКТ трендови со можност за нивна имплементација и примена во постоечката структура,
  • Стриктно следење на утврдени временски рокови,
  • Водење и ажурирање на проектна и техничка документација.

 

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Високо образование: VI/VII степен електро инженер,
  • Работно искуство најмалку 2 години,
  • Напредни познавања на MS Office пакетот,
  • Напредно користење на пишан и говорен англиски јазик,
  • Возачка дозвола – Б категорија,
  • Високо развиени комуникациски способности,
  • Способност за работа во тим.

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ