Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Објавено 17.03.2016

evnlogo.png

 

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

 

КАРИЕРА ВО ЕВН

За во одделот Високо напонски постројки, потребeн е:


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕЛЕЈНА ЗАШТИТА И ПОГОНСКИ МЕРЕЊА

Место на извршување: Прилеп


Опис на работните задачи

  • Врши испитувања пред пуштање во погон на нови системи за релејна заштита, командно сигнални кола, системи за автоматска регулација на напон и AC и DC развод,
  • Учествува во изготвување на планови и извршува редовни периодични испитувања на системи за релејна заштита и командно сигнални кола,
  • Анализа на погонски настани и работа на системи за заштита; Прибавува документација и податоци потребни за сетирaње на релеи и правилна работа на системот за релејна заштита,
  • Води евиденција на вградени уреди во системите за релејна заштита, изготвува и архивира записници од извршени редовни и вонредни испитувања,
  • Врши отклонување на недостатоци и дефекти, врши замена и поправки на елементи од системите за релејна заштита, командно сигнални кола, AC и DC развод,
  • Врши ожичување на новопоставена или заменета опрема од системите за релејна заштита, секундарни струјни и напонски кругови и сигнализација,
  • Учествува во подготвка и реализација на концепти, технички и тендерски спецификации потребни за проекти од инвестициона програма и проекти за ревитализација на ЕЕО,
  • Врши погонски мерења во ЕЕО – громобранска инсталација и заземјување, напон на допир и чекор.

 

Потребни квалификации и лични карактеристики:

  • Високо образование: дипломиран електро инженер,
  • Познавање и користење на MS Office, англиски јазик;
  • Организациски способности, комуникација; Високо развиени комуникациски способности,
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим
  • Познавање на законодавство од областа, како и од безбедност и заштита при работа.

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ