Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Објавено 01.03.2016

evnlogo.png

 

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

 

КАРИЕРА ВО ЕВН

За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн е:

.NET Програмер

Опис на работните задачи

Како инженер за апликации ќе имате клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации што вклучува:

  • Анализа на кориснички барања
  • Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија
  • Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија
  • Креирање техничка документација и документирање на изворен код

 

Потребни компетенции:

  • Одлично познавање на Visual studio.NET (C#, ASP.NET, MVC, Integration and Reporting Services)
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци: Oracle (SQL, PL/SQL), SQL Server (T-SQL)
  • Одлично познавање на JavaScript, JQuery
  • Одлично познавање на HTML, Javascript, JQuery, CSS и XML
  • Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа
  • Пожелно е искуство со AngularJS и Bootstrap

 

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Високо образование: дипломиран електро инжинер по информатика или дипломиран инжинер по информатика
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Пожелно е познавање на Германски јазик
  • Работно искуство: 2 до 3 години
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим
  • Интерес за нови технологии и способност истите да се применат при развојот на проекти

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.

 

evnoglasbarcode.pngНапомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

 

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ