Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Оглас за ангажирање во Т-Мобиле Македонија АД Скопје

Оглас за ангажирање во Т-Мобиле Македонија АД Скопје

Рок на аплицирање: до 15 април 2015

TMobile.png

Оглас за ангажирање во Т-Мобиле Македонија  АД Скопје

Служба за управување со технолошка инфрастуктура и мрежни ресурси/Сектор зa Управување со технологии и сервиси/Област на Главен директор за техника


Работно место: Виш Соработник за управување со радио мрежа


Краток опис на потребни вештини, знаења:

Услови:

  • Високо или Више образование – Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации или останати технички факултети
  • 1-3 година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на МС Офис пакетот
  • Познавање на ИП технологии и опрема
  • Напредни познавања за управување со Хуавеи радио мрежа

 

Работни задачи:

1. Понуда на корисниците

  • Учествува во Проектот за модернизација на радио мрежата како член на комисијата на технички прием на мрежните елементи од Хуавеи радио мрежата со цел верификација на нивната функционална исправност.
  • Учествува во софтверските надградби на БСЦ, РНЦ и Базните Станици и прави тестирање со цел обезбедување нови функционалности за претплатниците и да ги одржува мрежните елементи на адекватна софтверска верзија
  • Учествува во креирање и тестирање на листа функционалности која се користи на актуелната софтверска верзија, како и на оние кои би се имплементирале и активирале во наредната верзија.
  • Координира и прави оптимална распределба на ресурси  за теренските активности со цел верификација на исправноста на опремата (базни станици, репетитори, радио-релејни системи)
  • Одговорен за правилно спроведување на Процесот со Справување со Инциденти
  • Одговорен во оптимална распределба  на тикети/работни налози према службите за теренски активности со цел обезбедување на брза и навремена реакција (намалување на времето на испад на одреден мрежен елемент)
  • Анализира и Предлага подобрување од аспект на безбедност на техноошките простории. Учествува во креирањето на Извештајот за Измами во радио мрежата, со цел обезбедување на информација до Директоратот за Корпоративна Безбедност и Службата за управување со ризици
  • Предлага решенија за комплетно миниторирања на целокупната технолошка опрема во еден интегриран систем
  • Предлага модификација на постоечки како и дефинирање на нови полиси со цел адекватна корелација и дедупликација на аларми во системите М2000 и U2000

 

Способности и вештини:

Напредни комуникациски вештини,напредни аналитички и вештини за решавање на проблеми, презентерски вештини самодоверба, креативност, проактивнен пристап, доверливост, флексибилност, посветеност, способност за работа под притисок и кратки рокови, тимски дух

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса: Т- Мобиле Македонија АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Виш Соработник за управување со радио мрежа

Огласот ќе биде објавен на ден 02.04.2015  година и ќе трае 15.04.2015

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од  22.950,00 денари и додатоци на плата.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Т-Мобиле Македонија  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ