Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Огласи за вработување Фирмата ЕДС Скопје има потреба од млад и амбициозен ИТ инженер

Фирмата ЕДС Скопје има потреба од млад и амбициозен ИТ инженер

Објавено 07.04.2016

fchgfbbh.png

 

НАЗИВ НА ФИРМА: ЕДС ДОО Скопје (Energy Delivery Solutions)

РАБОТНО МЕСТО: Инженер за информатика и номинација на дневни распореди

Времетраење на договор: прв на 6 месеци, нареден на неопределено

 

 

ОПИС НА ДЕЈНОСТА НА ФИРМАТА

ЕДС ДОО Скопје е лидер за трговија со електрична енергија на македонскиот (слободен) пазар. Со над 200 MW обем на тргување и над 90 клиенти, учествува со над 50% од вкупниот обем на тргување на слободниот пазар во Македонија. ЕДС е единствена таква фирма со седиште во Македнонија и свои претставништва во други држави (Словачка, Србија, Хрватска ...). Работи самостојно со учество на берзи, директен откуп на енергија од производители и директна продажба на големи самостојни учесници на пазарот (т.н. големи потрошувачи). Во моментот снабдуваме со електрична енергија над 90 фирми во Македонија, и дополнителни 60-тина фирми во Србија и Хрватска. Дел од нашите клиенти-потрошувачи се Фени, Макстил, Бучим, Усје, Арчелормитал, ОКТА, ТЕ-ТО, Когел, Брако, Брилијант, Витаминка, Гранит ...

Соработуваме со наши партнери во Романија, Бугарија и Грција, а самостојно тргуваме во Македонија, Унгарија, Србија, Хрватска, Словачка и Косово. Наскоро работата ќе ја прошириме во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Австрија, а во Бугарија и Грција ќе започнеме со самостојна работа.

Од изнесеното е јасно дека ЕДС е лидер во актуелен и профитабилен бизнис, фирма со извесна светла иднина.

Фирмата има сопствен ИТ сектор кој самостојно ја одржува инфраструктурата за целата групација Фероинвест (мрежа, врски со оддалечени локации, сервери, оперативни системи, електронска пошта, веб сервер, одржување на персонални компјутери) и работи на развој, имплементација и одржување на софтверски решенија за потребите на групацијата.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ ОД РАБОТНОТО МЕСТО

Овие квалификации вработениот треба да ги има или стекне во периодот на првото вработување од 6 месеци.

  • Основно познавање на платформи за виртуелизација (Microsoft Hyper-V и Oracle VM)
  • Добро познавање на оперативени системи (Windows Server и Linux)
  • Добро познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL Server и Oracle) како и добро познавање на SQL како програмски јазик
  • Добро познавање на електронска пошта како услуга, протоколи за неа и платформата базирана на Postfix
  • Добро познавање на компјутерски мрежи, TCP/IP, Ethernet каблирање, компјутерска безбедност
  • Основно познавање на некои програмски јазици (Java, Visual Basic, PHP, HTML ...)
  • Одлично познавање на англиски јазик (да може на телефон да комуницира со техничка поддршка)

 

Вработениот треба да има и најосновно познавање од физика за поимите на енергија, снага, електричен напон и нивните мерни единици (J, W, kW, MW, kWh, MWh, V, kV..)

 

Во текот на првото вработување треба да се запознае и со:

  • Пазарни правила за тргување со електрична енергија државите во кои работи ЕДС
  • Системите за аукции и номинации кај операторите во државите во кои работи ЕДС

 

Потребни и корисни особини:

  • комуникативен
  • високо дисциплиниран и педантен
  • интелигентен и со желба за нови знаења


ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Работното место опфаќа:

  • Системска администрација на системи за виртуелизација Microsoft Hyper-V и Oracle VM, креирање и конфигурирање на виртуелни машини
  • Инсталација и администрација на оперативни системи Microsoft Windows и Linux
  • Инсталација и администрација на релациони бази на податоци Microsoft SQL Server и Oracle
  • Администрација на IRED (Postfix-Dovecot-Amavis) mail server
  • Поставување и одржување на политика за резервни копии (backup) на виртуелни машини и бази на податоци на Veeam платформа
  • Инсталација, конфигурирање и администрација на Cisco мрежна оперма (firewall, router, switch), поставување на безбедносни правила, надзор и решавање на проблеми
  • Инсталација и одржување на персонални компјутери, печатари и друга канцелариска информатичка опрема
  • Учество во проекти за имплементација на информатички решенија, подготовка на платформа, учество во изработка на поврзувања (interface) помеѓу системи (извоз-увоз на податоци во XML или CSV формат или со директно поврзување преку web service или од база до база)
  • Изработка на Unix или SQL скрипти за автоматизација на процеси или обработки на серверска страна

 

Дел од работното време (околу 5-10%) треба да се работи на дејноста на фирмата -трговија со електрична енергија во еден дел, а тоа е

  • Прибирање и консолидација на најави за потрошувачка на електрична енергија од нашите клиенти
  • Пресметка на потербни количини енергија по држави и потребни прекугранични капацитети
  • Учество на аукции за закуп на прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија
  • Балансирање (затворање на портфолиото) во сите држави со точна пресметка на купена, продадена, увезена и извезена енергија
  • Подготовка на дневни номинации на распореди (од претходната точка) во соодветен формат и пријава кај операторите на преносна мрежа (како МЕПСО) и операторите на пазар во секоја од државите

 

За овој дел не се очекува предзнаење, туку да се научи и прифати како дел од обврските.

Покрај основните задачи по работно место, како ИТ инженер се очекува да дава по потерба и општа помош на колеги за користењето на персонални компјутери и печатари, конфигурирање на мобилни телефони за пристап до електронска пошта и слично.

Тимот е составен од млади и амбициозни ИТ инженери, поделени на системски инженери и програмери. Во првиот период од 6 месеци се очекува вработениот со помош на искусните колеги да го запознае работното место и процесите во него, да ги стекне потребните знаења и да започне самостојно да ја извршува работата, како во делот ИТ системско инженерство, така и во делот на трговија со електрична енергија. Од тоа ќе зависи и продолжувањето на договорот.

 

КОНТАКТ:

Љупчо Најдов

Раководител за номинации на распореди и информатика

ЕДС ДОО Скопје

e-mail: ljupco.najdov@eds.mk

телефон: 075 480 400

 

Заинтересираните кандидати нека испратат биографија на контакт лицето директно.