ФЕИТ Скопје
     

Студенти

 
 

Промоција на дипломирани студенти и магистри

На 18 јуни 2010 година во Амфитеатарот на ФЕИТ во 12:00 часот ќе се промовираат студентите кои дипломирале, односно магистрирале до месецот мај 2010 година. Промоцијата ќе се одвива по следниов редослед:

  • промоција на магистри;
  • промоција на дипломирани инженери по електротехника кои ги завршиле студиите според стариот наставен план и програма;
  • промоција на дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и дипломирани инженери по информатика според ЕКТС.
повеќе    
TOP

Електријада 2010

Во организација на Студентскиот парламент на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје, а со поддршка на ФЕИТ, група од 59 студенти од Факултетот учествуваа на Електријада 2010, која се одржа од 19 до 24 мај 2010, во Чањ, Црна Гора. На јубилејната 50-та Електријада 2010 учествуваа 16 факултети од Р. Србија, Босна и Херцеговина, Р. Хрватска, Р. Бугарија, Р. Полска, Р. Словенија и Р. Македонија, а ФЕИТ-Скопје со свои претставници се натпреваруваше во 12 научни дисциплини (математика 1, математика 2, основи на електротехника, информатика, теорија на електрични кола, електроника 1, електроника 2, електрични машини, објектно ориентирано програмирање, анализа на електроенергетски системи, автоматика и англиски јазик) и 7 спортски дисциплини (кошарка/мажи, одбојка/жени, фудбал/жени, одбојка на плажа/мешани двојки, крос/жени, пинг-понг/мажи, шах/мажи).

Во научните дисциплини екипно беа постигнати следните резултати: ...

повеќе    

TOP

Vip оператор ги „предизвикува“ програмерите за нови иновативни апликации

Со цел поттикнување на иновативноста и креативноста во Македонија, Vip оператор распишува конкурс „Vip Android предизвик. Преку овој Конкурс, Vip оператор ги предизвикува сите поединци, компании, студенти, ученици, универзитети и групи да креираат апликации кои ќе бидат наменети за паметните телефони кои работат на Android платформа.  

На Конкурсот можат да се пријават поединци, компании, универзитети и групи и да креираат апликации кои ќе имаат локална примена и намена за паметните телефони кои работат на Android платформа. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.

Регистрацијата започнува од 18.05 до 30.06, по што следи изработката и поставување на апликациите, а од 01.08 до 20.09 ќе се избираат најдобрите апликации. Еден од членовите на петчлената жири комисија е и доц. д-р Димитар Трајанов, како претставник на ФЕИТ. Останатите членови се извршниот директор на Vip, извршниот директор на Seavus и уредниците на IT.com.mk и Click Magazine.

повеќе    

TOP

ISFiT 2011: Меѓународен студентски фестивал во Трондхајм, Норвешка (11 - 20 февруари 2011)

Од 11. до 20. февруари 2011 година во Трондхајм, Норвешка, ќе се одржи единаесеттиот меѓународен студентски фестивал во Трондхајм, познат како ISFiT. Овој фестивал е најголемиот студентски фестивал со тематски фокус. ISFiT се одржува секоја втора година од 1990 година и, и оваа година oколу 450 студенти од целиот свет ќе го посетат Трондхајм за да дискутираат и дебатираат на најразлични теми.

За повеќе информации за самиот настан, како и за начинот на аплицирање посетете ја веб-страницата на ISFiT: http://www.isfit.org, на која можете и да аплицирате за финансиска поддршка.

Официјалниот јазик на Фестивалот е англискиот, а за било какви прашања во врска со настанот, обратете се на адресата: mquestion@isfit.org.

повеќе    

TOP

Цементарница УСЈЕ АД Скопје доделува стипендии за МБА студии во Грција

Цементарница УСЈЕ АД Скопје распиша конкурс за стипендирање на дипломирани електро и машински инженери и економисти за МБА студии во Грција, за академската 2010/2011 година. Потребните документи за пријавување, како и сите други потребни информации можете да ги најдете во огласот даден во прилог.

повеќе    

TOP

Популарни предавања од областа на математиката

Во текот на наредните две недели, на ФЕИТ ќе се одржат две популарни предавања од областа на математиката, во организација на Центарот за инженерска математика (ЦИМ).

Првото предавање, насловено „Бесконечност: процес или ?“, ќе се одржи во среда, 21.04.2010, со почеток во 18:30 часот, во Амфитеатарот на Факултетот. Предавачи на оваа тема ќе бидат колегите Додевски Злате, Икономов Иван, Дуклески Александар, Илиевски Иван и Јовановска Снежана, студенти од втора година на ФЕИТ, на насоката ИКИ.

Второто предавање, насловено „Пи: Биографијата на најмистериозниот број“, ќе се одржи во среда, 28.04.2010, со почеток во 18:30 часот, во Амфитеатарот на Факултетот. Предавач на оваа тема ќе биде колегата Ѓорѓевиќ Александар, студент од втора година на ФЕИТ, на насоката ИКИ.

Центарот за инженерска математика ги поканува сите заинтересирани студенти, љубители и почитувачи на математиката, да дојдат и да ги слушнат интересните предавања.

повеќе    

останати вести
TOP

Годишен одмор - Служба за студентски прашања

Во периодот од 12.07.2010 година до 04.08.2010 година Службата за студентски прашања нема да работи заради годишни одмори. Се молат сите студенти кои имаат потреба од уверенија од секој вид тоа да го сторат најдоцна до 07.07.2010 година.

Скопје, 16.06.2010 год., Служба за студентски прашања при ФЕИТ

повеќе    

TOP

Пријавување на испити од магистерски студии за августовската испитна сесија

Пријавување на испити за августовската испитна сесија на студентите од втор циклус на студии - магистерски студии ќе се врши од 11.08.2010 до 13.08.2010 год. Пријавувањето е во сандачињата пред Службата за студентски прашања според бројот на студиската програма.

За пријавување на испит потребна е пријава со таксена марка од 50,00 ден. (предвид доаѓаат само новите пријави). По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Напомена: Пријавите да бидат пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма и број на индекс.

Скопје, 02.06.2010 год., Служба за студентски прашања при ФЕИТ

повеќе    

TOP

Заверка на летен семестар за магистерските студии

Им се соопштува на студентите од втор циклус на студии - магистерски студии при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је, дека заверка на летниот семестар во учебната 2009/2010  го­дина ќе се врши од 07.06 до 11.06.2010 година на шалтерите од Службата за студентски прашања.

Потребните документи за заверување на летниот семестар можете да ги погледнете на повеќе.

Скопје, 02.06.2010 год., Служба за студентски прашања при ФЕИТ - Скопје

повеќе    

TOP

Пријавување на испити за августовската испитна сесија

Пријавување на испити за августовската испитна сесија ќе се врши во два термина: од 20.06 до 25.06.2010 год. и од 02.08 до 06.08.2010 год. Пријавувањето е во сандачињата пред Студентска служба според соодветната студиска година. Потребните документи за пријавување на испитите се дадени на повеќе.

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Напомена: Пријавите да бидат пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, при што ќе се напише и студиската програма.

Скопје, 31.05.2010 година од Службата за студентски прашања

повеќе    

TOP

Заверка на летен семестар

Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је, дека заверка на летниот семестар од учебната 2009/2010 го­дина од прв циклус на студии ќе се врши од 31.05 до 04.06.2010 година.

Студентите кои во горенаведениот рок нема да заверат се­ме­стар истото ќе можат да го направат при уписот на зимскиот семестар за учебната 2010/2011 со надомест.

Потребните документи за заверување на летниот семестар, како и сите останати информации, можете да ги погледнете од официјалното соопштение, поставено во прилог.

повеќе    

останати вести

















Студентска служба
 
Контакт:
ssluzba@feit.ukim.edu.mk
(02) 3099 199
 

Центар за нови студенти
 
Контакт:
cns@feit.ukim.edu.mk
 

Студентски пракси и вработувања
 
Погледнете ги моментално активните понуди.
 

Постдипломски студии на ФЕИТ
Seavus Summer Jobs

FEITle
Портал за поддршка на учењето

ФЕИТ веб пошта
 
   корисничко име

   лозинка


 

Приемни термини во Деканат
 

Приемниот термин за студенти на Деканот и на Продеканот за наука е во вторник од 12:00 – 14:00 часот. Приемниот термин на Продеканот за настава е во вторник од 13:00 – 14:00.

Приемот кај Деканот претходно се закажува кај Техничкиот секретар, на 02/3099191 или на tehsekretar@feit.ukim.edu.mk.

 


ССФЕИТ
BEST Skopje