Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Програма за мобилност ФЕИТ и програмите за мобилност

ФЕИТ и програмите за мобилност

erasmus_logo.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – УКИМ, е вклучен и активно учествува во програмите за мобилност на студенти и наставен кадар: Erasmus LLP програма за доживотно учење и Erasmus Mundus Акција 2 – партнерства на Европската комисија.

Овие програми овозможуваат мобилност на студенти и наставен кадар од УКИМ на универзитетите партнери во Европа и обратно. Мрежите во кои учествува УКИМ се следните:

  • JoinEU-SEE, координатор Универзитетот во Грац, Австрија;
  • Basileus, координатор Универзитет Гент, Белгија;
  • EUROWEB, координатор Универзитет Маралдален, Шведска;
  • Еразмус, програма за мобилност на студенти
  • Еразмус, програма за мобилност на наставен кадар

Подетални информации за секоја програма пооделно и за документите кои се потребни за апликација се достапни на интернет-страницата на УКИМ.

Координатор за Еразмус мобилност на ФЕИТ е проф. д-р Маргарита Гиновска (gmarga@feit.ukim.edu.mk).