Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Програма за мобилност Дополнителна информација за Конкурсот во рамки на програмата Еразмус+

Дополнителна информација за Конкурсот во рамки на програмата Еразмус+

Објавено на 29.9.2017 година

Дополнителна информација од Ректорат во врска со активниот конкурс за учебната 2017/18 година, за учество во програмата Еразмус+, Клучна акција 1, Индивидуална мобилност на студенти и наставен кадар


1. Студентите кои аплицираат за размена во последен семестар од додипломските студии, во Договорот за учење можат да ги внесат само преостанатите неположени предмети согласно наставната програма. Дипломската работа преставува обврска која студентот во целост мора да ја изработи и реализира на својот матичен факултет.

2. Студентите кои аплицираат за размена на втор циклус студии во Договорите за учење не можат да опфатат истражувачки проекти, односно изработка на магистерска теза, што значи дека при селекцијата ќе бидат земени предвид само кандидати кои на странскиот универзитет ќе слушаат настава и полагаат испити.

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ