Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Започна Првата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

Започна Првата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

SKEEOR.JPG

На 16 мај 2013 година, во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и ИАЕСТЕ Македонија започна Првата студентска конференција на тема Енергетска ефикасност и одржлив развој.

Со оваа студентска конференција се овозможува развој на научни вештини и компетенции за истражување на студентите кои ќе придонесат до оформување на поквалитетни академски кадри во областите на енергетска ефикасност и одржлив развој.

На конференцијата ќе се одржат четири работни сесии на кои ќе бидат презентирани истражувања од областите на: Обновливите извори на енергија, Енергетска ефикасност во градежништво и архитектура, Социјални, економски и еколошки аспекти на одржливиот развој и Енергетски ефикасни уреди и материјали.

Конференцијата ќе трае до 18 мај 2013 година. Во овој период своите истражувања ќе ги претстават педесете автори на трудови. Повеќе информации за конференцијата може да најдете на официјалната страна на конференцијата www.iaeste.org.mk/skeeor .

DSCN2949.JPG

ГАЛЕРИЈА