Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Втора студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

Втора студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

LOGO_SKEEOR_2014.jpg

Од 24 до 26 април, во Скопје, по втор пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со МАКО СИГРЕ и ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ.

Енергетската ефикасност и одржливиот развој се две светски актуелни прашања на кои активно се работи и во Македонија и во светот. Целта на оваа конференција е на едно место да ги обедини студентите, претставниците од академската средина и компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, за да се претстави работата на истите и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област.

На конференцијата може да учествуват сите студенти, додипломци и постдипломци, кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на фокус на конференцијата, претставници од академската средина кои се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Пријавувањето се врши преку испраќање на апликациониот формулар кој е поставен на веб страната на конференцијата каде што се поставени темите на предметен фокус на конференцијата, како и упатство и насоки за пишување на трудовите. Рокот за пријавување е до 20.02.2014.

Учествувај и ти на Втората студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“!

За подетални информации и пријавување, посетете ја веб страната на конференцијата http://skeeor.feit.ukim.edu.mk