Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Во тек е Втората студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

Во тек е Втората студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

1

На Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје во тек е третиот завршен ден од Втората студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ на која професори, практичари и студенти презентираат решенија за енергетската ефикасност и одржливиот развој.

2

На оваа тридневна конференција беа направени 40 презентации кои понудија решенија и размисли околу многубројните проблеми во сферата на енергетската ефикасност и одржливиот развој како што се глобалното затоплување, прекумерното загадување и недостатокот на ресурси.

Втората студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ се организира под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии со поддршка на МАКО СИГРЕ и ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ.

3