Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Високо признание од IEEE за академик Леонид Грчев, редовен професор на ФЕИТ

Високо признание од IEEE за академик Леонид Грчев, редовен професор на ФЕИТ

 

 

pes-logo.png

 

Академик Леонид Грчев е именуван за IEEE Distinguished Lecturer (ИЕЕЕ истакнат предавач) во рамки на IEEE Power and Energy Society (PES) ­– ИЕЕЕ Здружение за електроенергетика. Ова именување во рамки на PES не е временски ограничено. ИЕЕЕ истакнати предавачи се врвни експерти кои на глобално ниво го предводат развојот на нови технологии во нивните полиња на работа. Овој програм овозможува нивни предавања по повик кај разни технички и регионални групи на ИЕЕЕ во светот.

Предавањата кои ќе ги држи проф. Грчев се:

  • Modeling of Grounding Systems from DC to Lightning: Electromagnetic vs. Circuit Theory Approaches
  • Understanding Transient Performance of Grounding Systems and Possibilities of Reducing Over-voltages
  • Lightning Current Distribution and Transient Voltages in Complex Interconnected Grounding and Cable Systems