Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Традиционалната Бруцошка забава на ФЕИТ одржана по 14-ти пат

Традиционалната Бруцошка забава на ФЕИТ одржана по 14-ти пат

бендот.JPG

Ниту една студентска година не може да започне без традиционалната Бруцошка забава на ФЕИТ.

На 22.10.2013 година, со почеток во 21:00 часот во холот на Факултетот за електротехника и информациски технологии се одржа 14-тата Бруцошка забава. Студентскиот Парламент на ФЕИТ, поддржан од деканатот на Факултетот, ја организираше оваа забава со цел да им се посака топло добредојде на новите студенти запишани на нашиот факултет. Исто така, деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, ги поздрави студентите и со кратко обраќање ги охрабри за постигнување на успеси во понатамошното студирање.

Покрај од студенти од ФЕИТ, забавата беше посетена и од голем број на студенти од останатите факултети од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, што е одличен приказ дека на ФЕИТ успешно се организираат настани од различни карактери со голема посетеност.

бруцошка.jpg

ГАЛЕРИЈА