Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Тим студенти на ФЕИТ освои златен пехар на меѓународниот студентски натпревар RoboTEC во Темишвар, Романија

Тим студенти на ФЕИТ освои златен пехар на меѓународниот студентски натпревар RoboTEC во Темишвар, Романија

RoboTEC - Доделување на награди

Тим студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии освои прва награда и златен пехар на меѓународниот студентски натпревар RoboTEC организиран од Политехничкиот универзитет во Темишвар, Романија. Тимот го сочинуваа Александар Лазаров и Мартин Стојановски, обата студенти на насоката ЕРПС при Институтот за електроника на ФЕИТ, а беше предводен од Бранислав Геразов, соработник при Институтот. Наградата беше доделена од претседателот на стручното жири проф. д-р Хуберт Рот од Универзитетот во Сиген, Германија. Учеството беше остварено на покана од проф. д-р Сорин Нану, по повод претходните успеси на студентите на ФЕИТ на меѓународниот студентски натпревар Хардвер и Софтвер.

На натпреварот RoboTEC присуствуваа околу 300 студенти, а беа регистрирани 21 екипа во четири дисциплини. Секоја екипа требаше да подготви сопствена изработка и на хардверот и на софтверот. Од седумте екипи регистрирани во најтешката дисциплина Micromouse, само два тима успеаја да се квалификуваат во финалето со комплетно функционален „глушец“ според пропишаните критериуми. Едномесечната самопрегорна работа на проектот придонесе тимот на ФЕИТ да биде единствениот кој успешно го совлада лавиринтот и стигна до целта.

RoboTEC Пехар

Веста за учеството на Македонија во овој натпревар се појави во саботата во Романскиот прес:

http://www.pressalert.ro/2014/04/cum-arata-robotul-creat-pentru-serviciile-secrete-sute-de-studenti-se-intrec-la-timisoara-roboti-la-ce-probe-au-fost-supusi-si/ .