Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Теренска настава кај првиот парк на ветроелектрани „Богданци“ и Фотоволтаична централа во близина на Валандово

Теренска настава кај првиот парк на ветроелектрани „Богданци“ и Фотоволтаична централа во близина на Валандово

 

На 12.05.2014 г. беше изведена еднодневна теренска настава со посета на првиот парк на ветроелектрани „Богданци“ и Фотоволтаична централа во изградба во близина на Валандово. Посетата беше организирана за студентите од IV семестар на наставната насоката Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ) и за студентите од VI семестар на насоката Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).

За успешно реализираната теренска настава придонесе и наставниот кадар кој го сочинуваа:

  • проф. д-р Владимир Димчев,
  • проф. д-р Крсте Најденкоски,
  • проф. д-р Снежана Чундева,
  • проф. д-р Димитар Димитров,
  • доц. д-р Живко Коколански и
  • Маја Целеска.

Свој придонес во теренската настава секако имаа и вработените од АД “Електрани на Македонија”.

1

2

3

4