Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Свечено доделени стипендиите од АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН Македонија и АД МЕПСО

Свечено доделени стипендиите од АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН Македонија и АД МЕПСО

FEIT_stipendii.jpg

Свечено доделени стипендиите од АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН Македонија и АД МЕПСО на најдобрите студенти од прва година на електроенергетските насоки и наградите на студентите по години кои ја завршиле учебната година 2011/2012 со просек 9 и над 9.

 

На 18.06.2013 година, вторник, со почеток во 10:00 часот во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје,  свечено беа доделени стипендиите на најдобрите студенти од прва година на електроенергетските насоки од страна на трите електроенергетски компании во Република Македонија - АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН – Македонија и АД МЕПСО. Секоја од компаниите додели стипендии во висина од 6.000, 00 денари на по пет студенти.

Настанот го отвори деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, а до студентите и останатите присутни се обратија претставниците на овие три компании: г. Дејан Бошковски, директор на ЕЛЕМ, д-р Игор Гиевски, член на УО на ЕВН и г. Синиша Спасов  член на УО и извршен директор на МЕПСО. Гости на настанот беа и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, и проректорот за настава на УКИМ, проф. д-р Влатко Стоилков.

По доделувањето на стипендиите, деканот на ФЕИТ им ги подели наградите на студентите од прва до трета година кои ја завршиле учебната година 2011/2012 со просек 9 и над 9.

СООПШТЕНИЕ

ГАЛЕРИЈА

ОД МЕДИУМИТЕ

 

stipendii.JPG