Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Студентите од ФЕИТ победници на NASA Space Apps Challenge во Р.Македонија

Студентите од ФЕИТ победници на NASA Space Apps Challenge во Р.Македонија

tumblr_inline_mln70pqk9O1qz4rgp.jpg

На 20 и 21 Април во просториите на Seavus во Скопје се одржа NASA Space App Challenge. Овој настан се одржуваше на вкупно 83те локации во светот.

На натпреварот учествуваа повеќе од 60 студенти, инженери, астрономи и ентузијасти кои одлично одговорија на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на земјата кои беа поставени од NASA (http://spaceappschallenge.org/projects/).

Два од тимовите се избрани за да ја претставуваат Македонија на глобалниот натпревар на NASA и ќе ги испратат своите проекти во следната фаза. Тимот кој беше најдобро оценет на натпреварот е составен од студентите Никола Петков, Стефана Филпова, и Филип Спасовски на ФЕИТ, на насоката Компјутерско системско инженерство и автоматика. Дел од решенито можете да го погледате на нивниот web: http://ardusat2earth.scienceontheweb.net/#!/pageHome

Финалната презентација на решанието.

spaceapp1.JPG

Победничкиот тим:

spaceapp2.JPG


ArduSat – сателит.

spaceapp3.JPG