Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Студент на ФЕИТ добитник на престижна награда на фондацијата „Energy Globe”

Студент на ФЕИТ добитник на престижна награда на фондацијата „Energy Globe”

Energy13Globe4.JPG

На 22 мај 2013 година, ФЕИТ беше домаќин на доделувањето на престижната награда на австриската фондација “Energy Globe”, која се доделува на најуспешните проекти од областа на енергетската ефикасност. Наградата ја доби македонската компанија „Енефект“ (Eneffect Consult-Skopje) за проектот „Doing More with Less Is Success! Skopje: Toward a Sustainable Future” кој се фокусира на енергетската ефикасност на базенот во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје и со кој се намалија трошоците за одржување на базенот за 70%. Носител на проектот е Екатерина Поповска, дипломиран електроинженер на ФЕИТ и студент на магистерските студии на ФЕИТ, на насоката електроенергетика.

Настанот Energy Globe Award Ceremony 2013 for Macedonia со пригодно обраќање го отвори деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, како прв човек на институцијата која продуцира квалитетни кадри од областа на енергетската ефикасност. Во името на фондацијата „Energy Globе“, наградата ја доделија амбасадорот на Република Австрија во Македонија, д-р Томас Михаел Баиер (Dr. Thomas Michael Baier), и трговското аташе на Република Австрија во Македонија, г.  Герхард Шлатл (Gerhard Schlattl).

Опис на проектот

Од печатот

ГАЛЕРИЈА