Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Студент на ФЕИТ доби златен медал на изложбата МАКИНОВА и наградата на МОН за најуспешна иновација од универзитетите

Студент на ФЕИТ доби златен медал на изложбата МАКИНОВА и наградата на МОН за најуспешна иновација од универзитетите

2

Иван Василески, студент на студиската програма Компјутерско системско инженерство и автоматика на ФЕИТ се закити со златен медал на 35-та Меѓународна изложба на прoнајдоци, технички унапредувaња, нови производи и младинско творештво МАКИНОВА за својата иновација насловена како Копимат. Тоа претставува самоопслужувачка машина за копирање и печатење што овозможува фотокопирање и печатење на документи од USB flash меморија. Поради нејзината автоматска природа, се намалуваат трошоците за вработени и се овозможува драстично намалување на цената на една копија. Исто така Иван Василески ја доби престижната наградата на Министреството за образование и наука на Република Македонија за најуспешна иновација од универзитетите, како и специјална награда од списанието за техника Емитер.

1