Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Соработка Seavus - ФЕИТ : донација на опрема во Лабораторијата за електроника

Соработка Seavus - ФЕИТ : донација на опрема во Лабораторијата за електроника

Oficijalenpriempustanjevoupotreba1.JPG

Лабораторијата за Електроника при Факултетот за електротехника и информациски технологии од денес е збогатена со компјутерски системи за изведување на лабораториски вежби, донација од македонскиот технолошки гигант Seavus. Станува збор за 10 нови компјутерски системи кои ќе придонесат лабораториите на ФЕИТ да бидат опремени со доволно работни станици за ефикасно изведување на практичната настава на овој факултет.


„Студентите на ФЕИТ заслужуваат прогресивна и напредна дообразба бидејќи се чинители на една генерација која е промотор на технолошкиот развој, кој е значаен за секое општество. Оваа донација е само дел од целокупната соработка на Seavus и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Наша цел е на студентите и квалитетните кадри кои излегуваат од овој Факултет да им дадеме поддршка и можности покрај теоријата да имаат што повеќе практична настава, да работат на проекти и нови методи кои со сигурност во иднина ќе им донесат големи бенефити“, вели Благој Ќупев, менаџер на Seavus Embedded дивизијата.

Како што велат од Факултетот, соработката со Seavus е значајна  придобивка за секој студент поединечно, но и за самиот Факултет, пред сè поради големите достигнувања на Seavus - компанија која отворено дозволува студентите активно да се вклучат во нејзините проекти.

„Соработка со македонска компанија која е светски позната и успешно котира на светскиот пазар на ИТ и софтверските услуги носи големи придобивки за сите наставни програми на Факултетот. Ова е втора донација на Seavus за Лабораторијата за електроника, но покрај материјалното, компанијата во текот на студиите постојано вложува и во пракси и несебични менторства од страна на вработените за студентите”, изјави проф. д-р Миле Станковски, Декан на ФЕИТ.

Факултетот за електротехника и информациски технологии, преку Институтот за електроника, негува успешна соработка со компанијата Сеавус во Скопје веќе пет години. Сеавус ја поддржа Лабораторијата за електроника во 2008 година спонзорирајќи обучувачки модули за практична настава во областа Вградливи микрокомпјутерски системи - како за редовните студенти така и за студентите на магистерски студии.

Сите изминати години студентите што следеа настава на предметите од оваа област, редовно одеа на летни пракси во Сеавус. Некои потоа останаа и да работат во компанијата.

Летната школа "Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи" што ја организираше Инситутот за електроника минатата година беше реализирана во соработка и со Центарот за едукација на Сеавус - покрај наставници од ФЕИТ кои одржаа предавања на Школата, инженери од Сеавус зборуваа за практични прашања од областа, а една од двете групи студенти што ја посетуваа Школата работеа практичен проект во просториите на Центарот.

Postavuvanjeoprema2.JPG

Postavuvanjeoprema3.JPG

Postavuvanjeoprema1.JPG

Oficijalenpriempustanjevoupotreba1.JPG