Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Симпозиум „Паметен Град“

Симпозиум „Паметен Град“

SCS.png

На 19ти февруари 2016 година во хотел Русија, Скопје се одржа еднодневниот симпозиум „паметен град“, во рамки на 13. меѓународна конференција на ЕТАИ 2016. Организатор е Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија (ЕТАИ).

Низ историјата луѓето имаат тенденција да го подобрат квалитетот на живеење и достапноста на ресурси (вода, енергија, комуникации...). Со зголемување на потрошувачката на ограничените ресурси и зголеменото барање на луѓето, новите ИКТ технологии донесоа нов концепт за обезбедување на услуги и ресурси во рамките на концептот "паметен град". Терминот "паметен град" нема ексклузивно важност иако беше воведен во 1998 година, како последица на "паметни" работи - паметна картичка, паметен телефон,... Денес, паметен град има пошироко значење и подразбира со помош на информатички и комуникациски технологии до подобар квалитет, перформанси и интерактивност на урбани услуги, намалени трошоци и потрошувачка на ресурсите. Паметни апликации се развиваат со цел подобрување на управувањето со урбани текови и овозможува, во реално време, одговор на предизвиците поврзани со владини услуги, транспорт и сообраќај, енергија, снабдување со вода, здравствена заштита.

Главната цел на симпозиумот беше размена на идеи, искуства и мислења од академскиот кадар, власта и бизнис секторот при разгледување на постојната состојба, технолошките тенденции како и разгледување на потенцијални апликации и решенија за поддршка на концептот "паметен град" во нашата земја.

Повеќе детели за настанот може да се најдат на веб страницата на Здружението за ЕТАИ: etai.org.mk/en/index/scs.