Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Се одржа изложбата на експонати на тема “АУДИО ТЕХНИКА - професија, страст и уметност”

Се одржа изложбата на експонати на тема “АУДИО ТЕХНИКА - професија, страст и уметност”


Изложбата на експонати на тема “АУДИО ТЕХНИКА - професија, страст и уметност” се одржа на ден 17. 05. 2013 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје. Целта на изложбата е популаризација на аудио техниката во Република Македонија.

Поттик и мотив за организирањето на изложбата добивме од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, голем аудиофил и вљубеник во музиката и аудио-техниката. На изложбата беа претставени 25 експонати, од кои 6 експонати се во сопственост на Претседателот на Република Македонија, останатите 19 експонати се во сопственост на наставниот кадар на Факултетот за електротехника и информациски технологии, негови гости и соработници:

audiotehnika4.jpg

  • Владимир Радевски
  • Семејство Гавровски
  • Илјаз Илјази
  • Семејство Арсови
  • Коколански Живко
  • Семејство Ралеви
                        • Семејство Геразови

audiotehnika3.jpg

  • Семејство Карталови
  • Институтот за Електроника при ФЕИТ
  • Аудио центар – БОЛИН
  • ЕМИТЕР – Владимир Филевски и Сашо Ицковски
  • Аудио Експерт

 

Експонатите се одликуваа со различна аудио, уметничка и раритетна вредност прикажувајќи го развојот на аудио-техниката во минатото и денес.

Почетно обраќање до присутните имаше деканот на ФЕИТ д-р Миле Станковски. Во него тој ја нагласи улогата на ФЕИТ како еден од стожерите на техничките науки во Република Македонија. Аудиотехниката, како една од овие области, се негува на овој факултет уште од неговото основање, а Институтот за електроника уште од шеесеттите години на минатиот век ги покрива основите зад градбата на речиси сите уреди во аудиотехниката, од ерата на електронските цевки, преку ерата на биполарните транзистори, па сè до дигиталните аудиосистеми.

Во рамките на настанот, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов беше почесен гостин на отворањето на изложбата, а потоа ја посети и поздрави Првата студентската конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ во салата за конференции. Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов со посебно предавање им се обрати на студентите на нашиот факултет. Предавањето се одржи во амфитеатарот на ФЕИТ.

БРОШУРА ................ ГАЛЕРИЈА