Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Саемот за вработување и кариера заврши

Саемот за вработување и кариера заврши

Job Fair

copy5_of_slika1.jpg

Саемот за вработување и кариера кој се одржуваше од 22 до 24 Април успешно беше организиран и оваа година од страна на БЕСТ Скопје. Job Fair траеше три дена, а студентите имаа шанса да ги посетат штандовите на компаниите во текот на вториот и третиот ден.

Во Понеделникот, на 22-ри Април, во Бизнис салата на Саем, се одржа свеченото отворање на настанот, каде студентите, професорите и претставници на компании имаа можност да се запознаат и да продискутираат на различни теми. Официјалното отворање беше поддржано со одличен кетеринг од страна на Ресторан Кеј и Винарија Тиквеш.

Во текот на вториот и третиот ден, односно 23-ти и 24-ти Април, компаниите учеснички беа достапни за студентите на штандовите поставени на комплексот технички факултети во Карпош II. За време на саемот се одржуваа и голем број презентации, обуки и предавања на кои присуствуваа однапред пријавените студенти.

Оваа година на Job Fair се претставија 11 компании кои воспоставија одличен контакт со студентите и го испитаа својот иден професионален кадар. Компаниите кои учествуваа на саемот ги носат имињата: Infinite Solutions, Kemet, Netcetera, Cosmic Development, Mikrosam, Web Factory, EVN, Nebb, Abix, Arcelor Mittal и Titan - Cementarnica USJE.

slika2.JPG

Доколку студентите сеуште не ги оставиле своите кратки биографии, тоа можат да го направат на веб страната www.jobfair.org.mk и да добијат шанса за работа/пракса во една од компаниите учеснички.

За крај БЕСТ Скопје им се заблагодарува на сите оние кои учествуваа, го поддржаа и помогнаа во реализација на 9-тиот по ред саем за вработување и кариера. БЕСТ Скопје се стреми кон овозможување полесен пат до посакуваната кариера и ќе продолжи да организира настани кои претставуваат огромни придобивки за студентите во Македонија.

best_logo.JPG