Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Саем за вработувања и пракса „КОНТАКТ“

Саем за вработувања и пракса „КОНТАКТ“

Од 7ми до 9ти април на Факултетот за електротехника и информациски технологии се одржа Саем за вработувања и пракса "KОНТАКТ" организиран од Студентскиот парламент на ФЕИТ.

Свеченото отворање беше на 7 април на кое присуствуваа Проректорот за настава на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Продеканите на факултетот, претставници на СП УКИМ, претседателот на СП ФЕИТ кои одржаа говори пред аудиториумот составен од претставници на компаниите учесници на саемот, како и голем број студенти. Отварањето беше проследено од голем број на медиуми.

.

Веднаш по свеченото отворање и коктелот се одржа и Форумска расправа со наслов - Соочуваме аргументи на тезата: "Пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувачката на стопанството е празно множество", на која учествуваа претставници на компаниите, професори од факултетот и студенти кои што расправаа на темата барајќи решенија и детектирајќи проблеми во контактот помеѓу студентите, компаниите и факултетот. Форумската расправа резултираше со одлични заклучоци и одлична комуникација помеѓу учесниците.(детали од Форумската расправа)

На саемот се презентираа повеќе од 15 компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и банки. Меѓу компаниите кои се претставуваат на саемот се Дуна компјутери, Прокредит банка, АЕК, ЕВН, ЕЛЕМ, МЕПСО, Џонсон Контролс, Небб, Неотел, Телефонмонтажа, Микросам, Дрекслермаер, Кабтел и други компании.

Освен директното претставување на компаниите на штандови, се одржаа и предавања од реноминирани професори и вработени во компаниите.

Целта на саемот е да ги поттикнеме студентите, нашите колеги, да посегнат кон можностите што ги нуди саемот, односно вработувања и пракса во едни од најголемите компании во нашите дејности. Исто така, отворивме CV база на веб страницата на Контакт, каде што сите студенти можат да остават своја биографија која ќе им биде достапна на компаните во текот на целата година. Од друга страна, компаниите ќе имаат пристап до вештините, интересите и вредностите на студентите кои бараат работа или практична настава.“, вели Анџело Лазаревски, претседател на Студентскиот парламент на ФЕИТ.

..

Според него, студентите, преку саемот, ќе научат како стратегиски да ја планираат својата кариера и барањето работа или пракса.

Студентите ќе имаат можност да го прошират своето гледиште за тоа кон што да се насочат во иднина и што ги очекува на пазарот на трудот. Компаниите ќе им бидат достапни и ќе имаат можност за директна комуникација со нив.“, велат од студентскиот парламент.

Компаниите, преку овој саем за врабоување и пракса, според професор Димитар Ташковски, продекан за финансии и соработка со стопанството, ќе имаат можност први да ги изберат најдобрите суденти, кои сѐ уште не се појавиле на пазарот на трудот.

Од друга страна, студентите ќе си најдат фирма за вработување и пракса. А Факултетот ќе биде во тек со професионалниот ангажман на нашите студенти и ќе ја следи потребата и можностите за прилагодување согласно барањата на пазарот. Затоа формиравме и Центар за кариера кој дава целосна поддршка на студените од нивниот запишување до вработувањето. Со оваа активност, всушност, работиме на делот за вработувањето на нашите студенти.“, рече Продеканот за финансии и соработка со стопанство проф. д-р  Ташковски Димитар.

Освен директната комуникација, студентите изработиле Андроид апликација во која се сместени информации за фирмите учеснички на настанот.

Сите што ќе ја посетат апликацијата може да дознаат многу повеќе за одредена компанија на два начини. Првиот е со клик на името на компанијата каде што се наведени нејзината дејност, мисија, визија, постоење на пазарот и слично. Другиот начин е со избор на една од десетината „мини игри“, кои на забавен начин, доколку поминете одредено ниво, ќе Ви открие одреден сет информации околу компанијата, настанот, студентскиот парламент на ФЕИТ или за самиот факултет.“, објаснува Лазарески.

...

Свеченото затворање на настанот се одржа во среда 9 април, на кое беа доделени сертификати за учесниците на неофицијалниот дел на настанот и благодарници за фирмите учесници.

Во неделата, ден пред одржување на саемот, се одржа и неофицијален дел, каде преку предавања студентите учеа како се пишува професионално CV и мотивациско писмо, како да се претстават на успешно интервју, како да ги подобрат своите презентациски вештини и слично. Студентите внимателно ги следеа предавањата на едукаторите од Центарот за неформално образование Триаголник и ги надградија своите знаења за што поуспешен пристап кон идните можности за вработување.

Галерија

Од медиумите:

http://www.makdenes.org/content/article/25324599.html

http://www.fakulteti.mk/news/14-04-07/svecheno_beshe_otvoren_prviot_saem_za_vrabotuvanje_i_praksa_kontakt.aspx

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=74586#.U0W5jFf4JsM

http://lider.mk/2014/04/07/saem-za-vrabotuvanje-i-praksa-na-feit/