Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2016 ROBOMAC 2016 од 7-ми до 13-ти март

ROBOMAC 2016 од 7-ми до 13-ти март

robomac16.png

Годинава по седми пат ќе се одржи семинарот за роботика RoboMac, чија цел е популаризација на роботиката меѓу студентите од Македонија и Европа.

Целите на RoboMac се: oвозможување на практична работа од областа на роботиката; меѓусебна размена на знаења и искуства од оваа област помеѓу домашните и странските учесници; приближување на роботиката кон средношколците и тн.

На семинарот, кој ќе се одржи oд 7-ми до 13-ти март учество ќе земат 50 домашни и 30 странски учесници, кои по шестдневна обука ќе си ги одмерат силите на финалниот натпревар.

Во рамките на RoboMac 2016 предавања ќе одржат истакнати професори и македонски експерти во доменот на роботиката, кои ќе им го пренесат своето знаење на учесниците.

Учесниците во текот на семинарот ќе присуствуваат на предавањата, а истовремено ќе работат мешани тимови и ќе ги склопуваат своите роботи, ќе ја развиваат нивната вештачка интелигенција и ќе ги подготвуваат за финалниот натпревар. Како и секоја година, се со цел да се задржи трендот на иновативност и внесување на новитети во натпреварувањето, и оваа година ќе се промовираат две нови категории (Симулација на квадрокоптер и Генерирање на траекторија на топка - робот). Целата манифестација ќе кулминира на 12 март, кога ќе се одржи финалниот натрпеварот во Домот на АРМ и ќе бидат прогласени победниците во категориите:

  • Сумо - два робота се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот;
  • Роботска рака - да се истакнат прецизноста, брзината и стабилноста на роботската рака која ги симулира движењата на човековата рака;
  • Хуманоид - се оценува комплексноста на изведената точка;
  • Трка - роботи кои следат линија ќе се тркаат на патека;
  • AI – Game of Spies - интелигентни агенти кои ќе се натпреваруваат меѓу себе во логички игрa;
  • Симулација на квадрокоптер –програмирање на квадрокоптер;
  • Генерирање на траекторија на топка робот –движење на топка робот по одредена траекторија за избегнување на препреки.

 

Пријавувањето за учество на настанот ќе трае во перодот 01-10.02.2016 г. на официјалната страна на RoboMac 2016 - http://robomac.com.mk каде може да најдете и подетални информации.

 

RoboMac 2016 е во организација на две студентски организации, кои се активни на техничкиот кампус на УКИМ (Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ и Студентски парламент на ФЕИТ).