Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2015 Започнува RoboMac 2015

Започнува RoboMac 2015

 

Ве фасцинираат ли роботи и висока технологија? Можеби сте вљубеник во научна фантастика и се воодушевувате на високата машинска интелигенција? Студентскиот огранок на македонската секција на IEEE и Студентскиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии (СПФЕИТ) имаат одлични вести за Вас:

Започнува RoboMac 2015 !

Единствен по својата содржина и тематика во Македонија, RoboMac е натпревар во роботика и инженерство кој ги спојува вљубениците во напредна технологија и автономни машини со нивните нови „миленици“ - роботите. Во своето шесто издание, RoboMac е место каде шеесет учесници среќаваат еднонеделна работна натпреварувачка атмосфера, предавања од врвни професионалци и бројна публика заинтересирана да ги запознае роботите и идните робо-инженери кои ќе го трасираат патот кон она за кое одамна пишуваат писателите од жанрот на научната фантастика.

Натпреварот официјално започнува со свеченото отворање на 9. јуни во амфитеатарот на домаќинот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, во 11:00 часот, а ќе трае се до 13. јуни, кога на финалето ќе ги дознаеме победниците во шесте категории: сумо, трка, роботска рака, погоди ја метата, хуманоид и вештачка интелигенција. Шестото издание на RoboMac е поддржано од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), македонската секција на IEEE, хотел Александар Палас, винарија Сковин, Логинг електроникс, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Амтех ГеМ, Бенинг-ПСАМ и БИС Скопје.

Финалниот натпревар е отворен за сите! Истиот ќе се одржи на 13. јуни (сабота) во 18:00 часот на големата сцена на Македонската Опера и Балет (МОБ), каде натпреварувачите ќе ја слават љубовта кон роботиката, натпреварувачкиот дух и фер играта. Дојдете, следете го финалето и бидете дел од RoboMac 2015! Влезот е бесплатен.

RoboMac2015