Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2015 RoboMac 2015 од 9-ти до 14-ти јуни

RoboMac 2015 од 9-ти до 14-ти јуни

RoboMac_Logo_L.jpg

Годинава по шести пат ќе се одржи семинарот за роботика RoboMac, чија цел е популаризација на роботиката меѓу студентите од Македонија и Европа.

Целите на RoboMac се: oвозможување на практична работа од областа на роботиката; меѓусебна размена на знаења и искуства од оваа област помеѓу домашните и странските учесници; приближување на роботиката кон средношколците и тн.

На семинарот, кој ќе се одржи oд 9-ти до 14-ти јуни учество ќе земат 60 домашни и 20 странски учесници, кои по четиридневната обука ќе си ги одмерат силите на финалниот натпревар.

Во рамките на RoboMac 2015 предавања ќе одржат истакнати професори и македонски експерти во доменот на роботиката, кои ќе им го пренесат своето знаење на учесниците.

Учесниците во текот на семинарот ќе присуствуваат на предавањата, а истовремено ќе работат мешани тимови и ќе ги склопуваат своите роботи, ќе ја развиваат нивната вештачка интелигенција и ќе ги подготвуваат за финалниот натпревар. Како и секоја година, се со цел да се задржи трендот на иновативност и внесување на новитети во натпреварувањето, и оваа година ќе се промовира нова категорија – AI and PI (Artificial Intelligence and Raspberry PI). Целата манифестација ќе кулминира на 13 јуни, кога ќе се одржи финалниот натрпеварот во Домот на АРМ и ќе бидат прогласени победниците во категориите:

  • Сумо - два робота се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот;
  • Роботска рака - да се истакнат прецизноста, брзината и стабилноста на роботската рака која ги симулира движењата на човековата рака;
  • Хуманоид - се оценува комплексноста на изведената точка;
  • Трка - роботи кои следат линија ќе се тркаат на патека;
  • Right Target - роботите поминуваат по одредена шема пребарувајќи го точниот распоред на балони кои треба да ги дупнат по однапред зададен редослед.
  • AI and PI - интелигентни агенти, програмирани на платформа Raspberry PI, ќе се натпреваруваат меѓу себе во логички игрa.

Пријавувањето за учество на настанот ќе трае во перодот 10-23.05.2015 г. на официјалната страна на RoboMac 2015 - http://robomac.com.mk/ каде може да најдете и подетални информации.

RoboMac 2015 е во организација на две студентски организации, кои се активни на техничкиот кампус на УКИМ (Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ и Студентски парламент на ФЕИТ).