Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2014 Започна RoboMac 2014

Започна RoboMac 2014

1

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје  по петти пат започна најголемиот меѓународен студентски саем за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2014.

На свеченото отворање кое се одржа во амфитеатарот на факултетот, добре дојде на учесниците, им посака Деканот на ФЕИТ проф. д-р Миле Станковски, Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски, Генералниот директор на ЕЛЕМ г-дин Дејан Бошковски, г-ѓа Борка Талеска - претставник од Американската амбасада во Македонија, претседателот на Македонската секција на  IEEE проф. д-р Љупчо Караџинов и организациониот одбор на RoboMac 2014 составен од  Маја Целеска (студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ), Анџело Лазаревски (СП ФЕИТ) и Игор Гиновски (ЕЕСТЕК ЛК Скопје).

Веднаш по отварањето, следуваа две предавања во амфитеатарот. Воведното предавање го одржа м-р Горан Владев (ФЕИТ), со наслов “Choises and compromises when building a robot”, а по него свое предавање имаа минатогодишните учесници на тема “How to win at RoboMac 2014?”. Саемот продолжува и наредните денови  http://robomac.eestec-sk.org.mk/robomak14_schedule.pdf,  учесниците веќе се поделени во работни групи и категории и почнуваа со работа во факултетските лаборатории.

Галерија

 

2