Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Работна посета на претставници од КЕМЕТ Електроникс на ФЕИТ

Работна посета на претставници од КЕМЕТ Електроникс на ФЕИТ

 

На 8 април, ФЕИТ беше домаќин на претставниците од КЕМЕТ Електроникс, д-р Давиде Монтанари, заменик претседател за технички прашања, г. Стефано Вертала, директор за  човечки ресурси, како и претставници на компанијата во Македонија.

Целта на оваа посета беше зајакнување на соработката помеѓу нашите институции и разгледување на можностите за започнување на научно-истражувачки активности, преку заедничко настапување во маѓународни научно-истражувачки проекти. Тие посетија дел од лабораториите на ФЕИТ поврзани со нивните развојни ативности, каде се презентираа нашите капацитети за научни истражувања.

На средбата се потврди можноста дипломираните студенти од ФЕИТ да се вработуваат во КЕМЕТ Електроникс Македонија, а нашите тековни студенти да остваруваат пракса во компанијата. Во врска со истражувачката работа, студентите од втор и трет циклус на студии на ФЕИТ би можеле да изработуваат магистерски и докторски тези на теми дефинирани во соработка со КЕМЕТ Електроникс Македонија.

Високите претставници на КЕМЕТ Електроникс изразија мислење дека ФЕИТ со своите капацитети ќе биде сериозен партнер за идна соработка на научно-истражувачко поле.

kemet1.JPG

kemet2.JPG

kemet3.JPG


Оглас за вработување и пракса во КЕМЕТ Електроникс Македонија