Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Работилница „Унапредување и развој на локалната економија со призводство на биогорива и рурални иновации“

Работилница „Унапредување и развој на локалната економија со призводство на биогорива и рурални иновации“

rabotilnicaBioGoriva.jpg

 

1 2 3

Фотографии од настанот

На 20-ти ноември на ФЕИТ се одржа национална работилница за унапредување и развој на локалната економија преку производство на биогорива и рурални иновации во рамки на ЕУ проектот „Унапредување на соработката во Jугоисточна Европа со помош на активности за зајакнување на Регионалниот совет за соработка", кадешто партнери се Централно европската иницијатива (Central European Initiative) и Регионалниот Совет за соработка (Regional Cooperation Council).

На работилницата присуствуваа најважните чинители во енергетиката во Македонија и беа презентирани проекти од обновливи извори на енергија со регионални димензии. По оваа работилница, одредени проекти ќе бидат презентирани на Регионалната конференција во Белград  во јануари 2014 година. На оваа конференција ќе присуствуваат претставници од Европската Унија, донатори и банки кои ќе изразат интерес да ги финансираат овие проекти, но и претставници на институтот Fraunhofer и London Polytechnic School, како раководители на Конзорциумот за реализација на проект за втора генерација на биогорива што се реализира во рамките на 7-та Рамковна програма.

Работилницата ја отвори деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, кој го презентираше проектот за изградба на Центар за обновливи извори на енергија на ФЕИТ, кој исто така ќе биде презентиран на Регионалната конференција во Белград.