Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Промовирано акредитираното инспекциско тело и воведувањето на ISO 9001:2008

Промовирано акредитираното инспекциско тело и воведувањето на ISO 9001:2008

1

На 28.02.2014 година Факултетот за електротехника и информациски технологии ја имаше честа да ги промовира на пошироката јавност добивањето на двата сертификати, кои се уште една потврда за успешното работење. Имено факултетот заврши со процесот на акредитација Инспекциско тело за електротехнички уреди, инсталации и опрема и се здоби со сертификат од Институтот за акредитација на Република Македонија.

"Овој сертификат се однесува за инспекција на сите видови на  високонапонска опрема, како што се трансформатори, генератори и мотори,  нисконапонски инсталации, громобрански инсталации и заземјување, потоа на разна електронска опрема, телекомуникации и сите типови на фискални апарати“,  деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски.

2

Како потврда за квалитетното работење, во сите области на делување, факултетот го воведе стандардот за квалитет ISO 9001:2008.

„Основните принципи на кои се темели високо - квалитетното работење на нашата институција во сите области на делување - образование, наука и апликативна дејност се насоченост кон корисниците, лидерство, ангажираност на персоналот, процесен пристап, системски приод кон управувањето, одлуки базирани на факти, континуирано унапредување и взаемно корисни односи со окружувањето“, потврдува деканот Станковски.

На промоцијата беше гостин Министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Спиро Ристовски. Кој во своето обраќање упати апел до сите факултети да го следат примерот на ФЕИТ и поскоро да го заокружат процесот на акредитација со што лабораториите ќе можат да се стават во функција на бизнис заедницата и стопанството. Додаде дека компаниите можат многу да заштедат доколку ги вршат испитувањата во лабораториите на факултетот.

„На пример, за периодично испитување на енергетска и друга опрема, една енергетска компанија во Република Македонија годишно издвојува околу 5.000.000 денари, ако овие тестирања се изведуваат преку ова инспекциско тело акредитирано во нашата земја. Овие трошоци би биле значително повисоки и можат да достигнат до 60.000.000 денари, кога се користат услугите на инспекциски тела надвор од РМ, што е нешто повеќе од 10-кратно намалување на трошоците за бизнис-заедницата во Македонија само во еден сегмент“, рече Ристовски

Факултетот за електротехника и информациски технологии благодарение на максимално професионалното исполнување на обврските и одговорностите, високо стручниот кадар и современата опрема во доменот на инспекциската дејност, се надева дека и понатаму ќе биде лидер во ова поле и ќе ја продлабочи соработката со стопанството во Република Македонија.