Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Примени нови кандидати на трет циклус - докторски студии на дополнителниот конкурс 2012/2013

Примени нови кандидати на трет циклус - докторски студии на дополнителниот конкурс 2012/2013

DSC04348.JPG


На 5 април 2013 година во просториите на Факулететот за електротехника и информациски технологии се одржа пригоден состанок на кој им беа доделени индексите на студентитете кои беа примени на дополнителниот конкурс за запишување на трет циклус – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во учебната 2012/2013 година, на студиската програма Електротехника и информациски технологии.

 

Проректорот за настава при УКИМ, проф. д-р Влатко Стоилков, Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, и раководителот на студиската програма, проф. д-р Лилјана Гавриловска, им посакаа на присутните кандидати и ментори успешна соработка и квалитетни резултати во текот на докторските студии.

Конечната листа на примени кандидати на трет циклус студии – докторски студии на студиската програма ЕИТ е следнава:

  • Наташа Анастасова-Бојаџиевска
  • Горан Деспиноски
  • Ева Шуклева
  • Александар Милчевски
  • Наташа Паунковска

DSC04350.JPG

DSC04348.JPG