Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Пријавување и распоред за подготвителна настава по математика и физика

Пријавување и распоред за подготвителна настава по математика и физика

Објавено на 26.8.2017 година

ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

ПО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА


FEIT.png

 

ПРИКЛУЧИ СЕ, ПОДГОТВИ СЕ ЗА УСПЕШЕН СТАРТ НА СТУДИИТЕ

 

podgotvitelnanastavapomatematikaifizika.jpg

 

Почитувани идни студенти,

 

Институтот за математика и физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Скопје, традиционално, неколку години наназад, организира  подготвителна настава по средношколска математика и средношколска физика. Подготвителната настава ќе помогне за успешно следење на наставата по математика и физика на студентите од техничките и природно-математичките факултети.

 

4 до 14 септември 2017 година

Факултет за електротехника и информациски технологии

Наставен кадар по математика и физика на ФЕИТ

20 наставни часа

2000 ден./по предмет

 

Пријавувањето се врши со пополнување на апликација на следниов линк:

https://goo.gl/forms/r4jgTMhxp5bW1BLU2

или во општа служба во деканатот на ФЕИТ (на 29ти и  30ти август 2017).

 

За сите дополнителни информации погледнете на www.feit.ukim.edu.mk или обратете се со е-мејл до

podgotvitelna2017@feit.ukim.edu.mk.

 

Начин на плаќање


Цената на секој од курсевите (посебно), што треба да се уплати на факултетската жиро сметка изнесува 2000 ден. за еден од предметите. Доколку се следи настава по двата предмети, за секој од предметите се доставува одделна уплатница. При уплатата на уплатниците да се означи цел на дознака:

  • за подготвителна настава по математика или
  • за подготвителна настава по физика.

copy_of_uplatnica.jpg

 

Уплатниците да се донесат на првиот час од почетокот на подготвителната настава.

Сите слушатели на подготвителната настава добиваат наставен материјал на почетокот од подготвителната настава.

 

Распоред на часовите по подготвителна настава

 

Наставата на подготвителните курсеви по математика и физика ќе се одржи во 20 школски часа, по секој од предметите одделно, според следниот распоред:

 

Понеделник

04.09.2017

Вторник

05.09.2017

Среда

06.09.2017

Четврток

07.09.2017

Петок 08.09.2017

10:00-10:45

Физика

Физика

Физика

Физика

Неработен ден

11:00-11:45

Физика

Физика

Физика

Физика

12:00-12:45

Физика

Физика

Физика

Физика

13:00-13:45

Математика

Математика

Математика

Математика

14:00-14:45

Математика

 

Математика

 

Математика

 

Математика

 

 

Понеделник

11.09.2017

Вторник

12.09.2017

Среда

13.09.2017

Четврток

14.09.2017

Петок 15.09.2017

10:00-10:45

Математика

Математика

Математика

Математика

Почеток на наставата – Свечен час

11:00-11:45

Математика

 

Математика

 

Математика

 

Математика

 

12:00-12:45

Математика

 

Математика

 

Математика

 

Математика

 

13:00-13:45

Физика

Физика

Физика

Физика

14:00-14:45

Физика

Физика

Физика

Физика

 

Посетувањето на подготвителните курсеви по базичните предмети (математика и физика) е од особено значење заради успешно вклучување на новите студенти во првата година од студиите на ФЕИТ. Подготвителната настава ќе ги обработува сите неопходни  теми за следење на наставата по предметите математика и физика, вклучувајќи ги  и темите кои не се застапени на државната матура. Следењето на подготвителните курсеви на идните студенти ќе им овозможи соодветна подготовка и освежување на знаењата пред вообичаената контролната проверка на знаењата по предметите математика 1 и физика 1, која се спроведува на почетокот од наставата во учебната 2017/2018, за сите студенти од прва година на ФЕИТ.

 

КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за Подготвителна настава по МАТЕМАТИКА

КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за Подготвителна настава по ФИЗИКА


 

Скопје, 25. 08. 2017                                                   Институт за математика и физика