Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Потпишани Меморандум за соработка и Договор за практична настава на студентите со “Пивара Скопје” АД-Скопје

Потпишани Меморандум за соработка и Договор за практична настава на студентите со “Пивара Скопје” АД-Скопје

 

На ден 29.03.2013  беше потпишан Меморандумот за соработка и  договор за практична настава на студентите помеѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и „Пивара Скопје” АД Скопје.

Главните области предвидени со Меморандумот за соработка чии потписници се деканот на ФЕИТ , проф. д-р Миле Станковски и генералниот директор на „Пивара Скопје” АД Скопје, г-дин Јаак Миккел, се работа на развојно-истражувачки проекти, работа на апликативни проекти, консултативни активности, посебен акцент се стави едукативните активности. Континуирано образование на инженерскиот кадар е дел за кој се залагаат двете страни потписници на овој Меморандум и тоа ќе биде остварено со стипендирање на студенти од завршните години на додипломските студии, како и на студентите запишани на втор циклус на судии чие поле на интерес е во делокруг на ПИВАРА АД Скопје.

Во истиот контекст беше потпишан и Договор за практична работа на студентите, со кој се овозможува со практично ангажирање да се запознаат со дејноста на ПИВАРА АД Скопје.