Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Отворен ден на ФЕИТ

Отворен ден на ФЕИТ

 


Отворен ден на ФЕИТ

На 20.04.2013 година со почеток во 10 часот Факултетот за електротехника и информациски технологии ги отвори вратите за сите средношколци кои имаа желба и можност да дојдат и да им бидат претставени студиските програми по кои може да студираат во учебната 2013/2014 година.

Средношколците водени од нивните идни колеги, членовите на Студентскиот парламент на ФЕИТ, ги видоа сите лаборатории во кои се изведува наставата. Професорите и асистентите во кратки црти им ги опишаа студиските програми, а особен акцент беше ставен на профилот кој би го добиле на овoј факултет и иднината која ги очекува по завршувањето на истиот.

Со свое обраќање средношколците ги поздрави Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, кој им посака најпрво успешно завршена државна матура, а во септември повторно да бидат поздравени во амфитеатарот на ФЕИТ. Потоа своите импресии од студирањето на овој факултет и успешно трасираниот професионален пат им ги пренесе г-дин Игор Бимбиловски (Извршен директор за стратегија и развој во Македонски Телеком и Т-мобиле). Претседателот на Студентскиот парламент Анџело Лазаревски им ги презентира забавните аспекти на студентскиот живот на ФЕИТ.

За крај проф. д-р Гога Цветковски, член на Центарот за нови студенти во детали им ги презентираше потребните информации за условите за упис и студирање на ФЕИТ.

На сите наши гости им се заблагодаруваме за посетата и се надеваме дека веќе во септември ќе станат дел од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. За оние кои не беа во можност да не посетат на Отворениот ден на факултетот ве покануваме да не посетите на Денот на високото образование на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

- ГАЛЕРИЈА -